23/04/2024
SKOPJE

Ти си мојот мал момент,…

Ти си мојот мал момент, и мојот голем сон.
Мојата неисполнета мечта, и голема тајна по која цел живот се копнее.
Ми остана недостижен и далечен.
Затоа што сонот за среќа е поголем од среќата.
Ќе ми останеш како младост неповратна, и како сон и ехо кое се памети засекогаш.
Срцето ми има насолзена приказна што си оди.
Затоа што ти ми беше најголемиот трепет на мојата душа.
Твојата насмевка е сончевата наметка во мојот сон.
Ти си мојата маќепсана мисла.
Симбол на целата суета поразена и ледена.
А ти како да не непостоеше ниту си постоел.
Роден во мојата тага и тишина.
Кој во  моето празно срце само ти блесна како зрак сончев.
Затоа сѐ што сакаме, самите си го создаваме… 

 

АВТОР НА ТЕКСТОТ и предлог на слика : “Есен во мене“ 

421 Прегледи

Слични Содржини

Заинтересираните правни и физички лица може да не контактираат на [email protected] , со барање за договор за закупување на рекламен простор на страната: