25/04/2024
SKOPJE

Ти си како ветрот,…

Ти си како ветрот,………..

Знаеш да дувнеш толку силно и да ме освестиш од занеменоста во која сум навлегла гледајќи предолго во темната ноќ.

Понекогаш како остро ветре провејуваш околу мене, и се чини не обрнуваш внимание дека ми ги растураш чувствата како што ветрот ги растура прамените од коса.

И затоа колку и да си мојот немир, кога ми надоаѓаат темни облаци во душата и почнуваат да тежат, ти се претвораш во најмоќниот и најсилен ветер кој во еден здив ги растерува сите сивила и ми го отвара небото да биде сино.

 

 

 

Kолку си ми далеку?

Метар, два или стотици? Ден, два или цел еден век?

Солза, пет или цели мориња?

Го пушив срцето до кај што не треба.

Ги оставив мисливе до кај што не сакам.

Го фрлив погледот до кај што не смеам.

Ги раширив рацеве до кај што веќе не можам.

Ја пуштив душата да мечтае за невозможното.

И пак не разбрав колку си ми далеку.

Живот до два ќе да е… !!! 

 

 

Физичкиот допир не е ништо во споредба со оној другиот допир.

Кога ќе осетиш дека некој те има без допир, дека ја има твојата душа, твоето срце.

Дека те има тебе во потполност.  

“Не, ние не се налутивме, само замолчавме и се оддалечивме на пристојна далечина.

Далечина која е доволно далеку за да си го живееме својот живот, а сепак доволно блиску за се да започне одново. ”  

 

АВТОР НА ТЕКСТОТ : “Есен во мене“ 

 

 

 

 

 

 

 

 

387 Прегледи

Слични Содржини

Заинтересираните правни и физички лица може да не контактираат на [email protected] , со барање за договор за закупување на рекламен простор на страната: