19/04/2024
SKOPJE

Те сакам,…

′′ Многу си силна!”, често ми велат, ′′ но не го знаат пеколот што го имам внатре. Никој не одбира да биде силен, стануваш силен кога немаш друг избор!

Завиткај го ′′ Те сакам!” во акција.

Завиткај го ′′ Те сакам ′′ во прегратка.

Ништо не те загрева подобро во денот кога

некој ти покажува љубов низ секојдневието,

мали нешта и знаци на внимание.

Често те сакам се крие во ′′ Јави ми се кога ќе пристигнеш!”

Или во ′′ Можеш ти, се ќе биде супер “.

Знае да се скрие во омиленото чоколадо и какао по напорен ден.

На бруфенот кога си болен.

Завиткај го ′′ Те сакам!” во солзи.

Во разбирањето.

Во многучасовните разговори.

Затоа што ништо не мириса подобро од личноста што ја сакаме.

Не е тешко.

Љубовта може да се даде на различни начини.

А има многу повеќе од два збора !!!   

Автор на текстот: “Есен во мене“ 

 

354 Прегледи

Слични Содржини

Заинтересираните правни и физички лица може да не контактираат на [email protected] , со барање за договор за закупување на рекламен простор на страната: