29/01/2023
SKOPJE

Таинствена,…

Таинствена…

Најважните работи си ги чувам за себе,

иако можеби не изгледа така,

некои работи нема зошто да се кажуваат,

некои се подразбираат,

други само се чувствуваат,

зборовите се преубави,

но некогаш и расипуваат.

Смислата е подлабока и вон сетилата,  

стравот од непознатото иако нѐ ни е вроден е толку се поприсутен,

што полето на душата,

еднаш треба да се запали и да изгори како стрниште, 

инаку ќе биде бесплодна ледина.

Кога ќе го запалам полето на душата,

не мора сите да знаат пали-гаси,

за мене да си остане,

Не мора…

И не треба…

Некои работи се само меѓу МЕНЕ и Животот.   

АВТОР НА ТЕКСТ и предлог на слики: “Есен во мене“

 

 

235 Прегледи

Заинтересираните правни и физички лица може да не контактираат на [email protected] , со барање за договор за закупување на рекламен простор на страната: