24/04/2024
SKOPJE

Свет,…

Си слушнал ли тишина која боли,
таква од која ти зуе во ушите?

Тишина во која секој неизговорен збор
те сечи како жилет по кожата?

Си слушнал ли молк
во кој ништо не е кажано
а сепак јасно е се?

Знаеш ли дека баш во таа тишина
е собрано сето она кое може да изгради
и сруши еден свет?

Свет на темнина и тишина.  

АВТОР: “Есен во мене“

 

387 Прегледи

Слични Содржини

Заинтересираните правни и физички лица може да не контактираат на [email protected] , со барање за договор за закупување на рекламен простор на страната: