24/04/2024
SKOPJE

Страст – А.Русјаков

СТРАСТ 

Страста е страдање

Похота на умот 

Кој ги пали, пеплосува 

Пеперутките во стомакот 

***

Страста е стражар 

Застанат на полпат 

Меѓу мене и љубовта 

Со меч во раката 

Го обезглавува моралот 

***

Страста е искушение

Лебедова песна за спокојот 

Што ми ја заслепува душата 

За да талка без виделина 

Низ кафезот на срцето 

***

Страста е грев 

Стаклена чаша на постоењето 

А јас сум пијаница

Што ќе ги исцеди твоите сокови 

Што ќе ги испие твоите течности 

За да се отрујам среде ноќта 

Пред да стигне муграта на покајувањето    

 

Автор: Александар Русјаков 

Александар Русјаков е роден 1977 година во Велес. 

Објавил збрка раскази “Ме сакаш ли под дождот“ (2010) и двата романи “Тринаесеттиот месец“ (2012) и “Атена со пенис“ (2014). 

Негова прва збирка поезија е “Голтка восхит од солзите на вечноста“ (2016). 

 

 

394 Прегледи

Слични Содржини

Заинтересираните правни и физички лица може да не контактираат на [email protected] , со барање за договор за закупување на рекламен простор на страната: