25/04/2024
SKOPJE

Средба,…

Враќање со лажна невиност

Со ударите на непознат живот

Средба со расипани први спомени

Лажно срце… тоа не значи ништо

Пристап со претпазливост

Еуфорија што имитира страст

Романса што разубавува желба

Средба со разочарани очекувања…

Дали реалноста ги разочара нашите соништа?

Или вистината која е почудна од нив

Она што никогаш не го сфативме пред сè.

Сеќавање на нешто што требаше да биде…

Фатени како лажни љубовници

Водени од норми, а допирот доаѓа природно

Живееме со обиди и грешки

Ќе се повтори ли таа средба?

Погрешно распознавање што несовршено одговара

Правиме грешки пред вистински да водиме љубов.

Стојам пред твоите усни

Одржувам заблуда без ветување

Завет за долговечност што вреди да се следи

Романса на тага во очекувана средба

Изгрејсонце што потсетува на лузни

Како солзи вткаени во посакувано страдање

Што е потребно за да се заборави вчера?

Закопавме трагедија со поранешна среќа

Бараме чудо да ни ги привлече погледите

Просветлување со неизвесност

Кога надежта се враќа со секоја средба

Бараме нешто што вреди да се открие

Тоа го знаеме кога ќе се прегрнеме.

Автор на текстот: Ацо Атанасовски

прв пат објавени на 16 Јули 2021 година

 https://mneklosar.blogspot.com/2021/07/blog-post_16.html     

 

 

 

484 Прегледи

Слични Содржини

Заинтересираните правни и физички лица може да не контактираат на [email protected] , со барање за договор за закупување на рекламен простор на страната: