19/04/2024
SKOPJE

Средба со себе,…

 

Денес почувствував потреба да се сретнам сама со себе …

Бегство, да, бегство на идеално место.

Место каде што би можела да бидам во целосен контакт со природата.

Сама, Природата, Мојата Тишина, Мојата Душа и Јас.

Ми требаше тој состанок за да се сетам што е реално и важно во мојот живот.

Понекогаш рутината, одговорностите, грешките, проблемите и другугото нè обземаат и веруваме дека нема место за други работи, дека нема решение и нема излез, се чувствуваме како да сме на работ на бездната близу до паѓање во некоја провалија,..

Но, не, седејќи, гледајќи го одразот на моето лице во водите на таа река, не само што го видов лицето, туку ја видов и душата.

Се видов себеси во мојата чиста невиност, во моето наједноставно смирение и заклучив дека сè уште сакам да се борам.

Ја видов желбата на мојот неуморен воинствен дух, кој ме гледаше право во очи и ме потсетуваше дека секогаш морам да верувам во себе си и дека можам да ја направам вистинската работа.

Затоа, избирам да живеам, да, ……да живеам целосно, без страв, без сомнежи.
САМО ЖИВЕЈ !!!

 

369 Прегледи

Слични Содржини

Заинтересираните правни и физички лица може да не контактираат на [email protected] , со барање за договор за закупување на рекламен простор на страната: