Се буди сонцето од Исток се буди
И страста во мене ТИ ја будиш
Страста ја разгоруваш како огнен пламен
Пламти страста во мене горам од желба по ТЕБЕ
Нескротлив пламен будиш во МЕНЕ
Телата наши треперат и пламтат
Се топат од мислата еден за друг во мене си и јас во тебе
Толку блиску, а сепак далеку
Те имам, а те немам
Те посакувам, а не те добивам
Се гориме, а никако да изгориме !!!
Те имам, а те немам
Те немам, а те посакувам
Те посакувам, а те губам
Те губам, и пак се надевам
Се надевам, и пак губам губам,
Ама продолжувам, продолжувам, но до кога, до кога ???
Дур не се изгубам себеси дури не изгубам се, а вреди ли?
Вреди ли да се надевам ?
Вреди ли да копнеам ?
Вреди ли да посакувам ?
Вреди ли да љубам ?

Се појави како странец во ноќта
носејки топлина во срцето.
Ми ја стопли душата,
Ми го зарадува срцето,
Ме исполни со среќа.
Но зошто се што е убаво кратко трае ?
Зошто кога мислиш дека нешто си нашол наеднаш губиш многу?
Ми украде дел од срцето, оној дел што љуби,
Оној дел што се надева,
Оној дел што се радува.
Но сепак срцето што знае да љуби, колку и да губи,
Пак ќе може да љуби… !!!
