Сон…
„И наеднаш како да се будам,
како да се враќам назад во реалноста,
како се изминатото да било само сон
а јас да сум била заробена во него.
Наеднаш ја нема таа топлина,
го нема тој жар,
покрај мене веќе ја нема таа личност,
и тогаш се случува тој мрак, таа самотија, студенило..
Сѐ е по далечно одколку што некогаш било,
сѐ е само сеќавање,
а во градите уште чувствувам тапа болка,
како да ми недостига дел од тебе.
И потоа повторно се обидувам да се вратам назад,
да продолжам од каде што застанав,
но сваќам дека нема почеток ни крај…
И тогаш ми станува јасно,
во животот некои работи не се случуваат по втор пат,
сваќам дека Љубовта доаѓа МНОГУ ПАТИ,
но онаа вистинската – САМО ЕДНАШ!“
АВТОР НА ТЕКСТ и избор на слики : “Есен Во Мене“❤
261 Прегледи