Со Апстиненција до СУПЕРоргазам:
Дали знаете дека со одењето на жената можете да откриете дали таа доживува вагинален оргазам за време на секс?
Или дека делот од мозокот кој е задолжен за емоции за време на сексуалната кулминација е исклучен?
Прочитајте интересни факти за оргазмот.
Резултатите од новата британска студија покажаа дека заморот, самодовербата, стресот на работа и алкохолот се најчестите виновници за отсуството на ОРГАЗАМ.
Припадничките на женскиот пол признаа дека подолгата предигра, оралниот секс и сексуалните играчки ќе им помогнат најмногу да постигнат оргазам.
Кај мажите, почестиот орален секс, играчките и промената на положбата би помогнале во ПОДОБАР оргазам.
1- Мажите ги имаат ПОЧЕСТО:
Речиси една четвртина од мажите велат дека доживуваат врв еднаш дневно, додека само 15 % од жените го велат истото.
2- Луѓето сеуште се СТРАМЕЖЛИВИ:
Дури 15 % од луѓето кои имаат секси играчки ги кријат од своите партнери.
Неверојатно, но вистинито.
3-ОРГАЗМОТ “ВРВОТ“ Е ЗДРАВ:
Бројни студии покажуваат дека оргазмот ја намалува болката, ги ублажува грчевите и го намалува стресот.
4-СЕ ПОДОБРИ со годините:
Експертите велат дека подобро го запознаваме своето тело и сме порелаксирани во сексот кога сме постари, така што оргазмот е посилен и подобар во 30 -тите и 40 -тите години.
Со нетрпение очекувајте ја иднината и стекнете искуство.
5- ОРГАЗМОТ е подобар ако чекате:
Според една студија објавена во британскиот „Журнал за урологија“, апстиненцијата од каква било сексуална активност три недели го зголемува нивото на тестостерон и го зголемува вашиот сексуален апетит, што резултира со супероргазам.
6-Вашиот од, вашиот чекор е показател дали доживувате кулминација – оргазам за време на секс:
Една неодамнешна студија спроведена во Белгија покажува дека е доволно да се набљудува жена додека чекори- оди за да знаете дали може да доживее оргазам за време на сексуалниот однос.
Жените кои одат лесно, но енергично и сензуално доживуваат вагинален оргазам и не може да се забележи спазам и напнатост во нивното одење.
7-Веднаш по ОРГАЗАМ-от на Facebook:
Кој би рекол?
Дури 36 % од луѓето под 35 – годишната возраст брзаат да го проверат својот Фејсбук или Твитер штом доживеат оргазам.
8-Ќе живеете ПОДОЛГО:
Научниците тврдат дека постои тесна врска помеѓу оргазмот и животниот век, така што оние кои доживеале ОРГАЗАМ, 2 – пати неделно, можат да живеат осум години подолго.
Оргазмот го подигнува имунолошкиот систем, го зајакнува срцето и мозокот.
9- Празна глава:
Одредени делови од женскиот мозок се исклучуваат за време на оргазмот, дури и оние што имаат врска со емоциите.
10- Ќе изгледате ПОМЛАДИ:
Лекарите велат дека честото водење љубов го стимулира лачењето на колаген, што помага да се минимизираат знаците на стареење.