Ние не се баравме, само случајно се Најдовме.
А сега така најдени како повторно да се Бараме.
Можеби тоа е смислата на Љубовта,
Таа убавина на неизвесноста, чекајќи го неочекуваното,
Надевајќи се на безнадежноста,
Гушкајќи се без прегратки,
Бакнувајќи се без бакнежи,
Проникнување во мислите…
И сознанието дека сме тука некаде.
Толку блиску, а толку далеку.
АВТОР на текстот и избор на слики: “Есен во мене“
258 Прегледи