24/04/2024
SKOPJE

“Се забележавме,… “


 

Кога не ти се прави ништо…
Кога не ти е до ништо…
Седиш пред светот со чуден сјај во очите.
Не го разбираш,
не те разбира,
немаш никаква потреба да разбереш,
никаква потреба да те разберат.
Ги трошиш минутите и секундите од својот живот вдишувајќи и издишувајќи…  
Ти и јас.
Не се сретнавме случајно, не се договоривме, не планиравме…
Вистина…
Тоа е сон, но сон кој некој никогаш не го сонувал на јаве.
Се забележавме во морето од луѓе.
Не, тоа не е вистинскиот збор, “се забележавме”…
Се почувствувавме…
Да, се почуствувавме без зборови, без допири, без погледи..    
АВТОР НА ТЕКСТОТ: “Есен во мене“ 
338 Прегледи

Слични Содржини

Заинтересираните правни и физички лица може да не контактираат на [email protected] , со барање за договор за закупување на рекламен простор на страната: