08/02/2023
SKOPJE

Се разминавме,…

Разминување,…

Те снема.

А не знам ни дали некогаш те имаше вистински.

Може само те сонував.

По сто пати на ден те сонував.

Може глумевме живот само во несвесното.

Може се разминавме во свесното.

Не знам ни дали нешто знам во врска со тебе, со нас.

Ниту дали барем еднаш си рече дека може ќе беше најдобро никогаш да не ме сретнеше.

Замисли никогаш да не ме сретнеше.

Којзнае кому ќе му пишував сега.

Којзнае дали воопшто ќе пишував некому.

Замисли никогаш да не ме прашаше: „A ти чија си, Моја?“

Замисли уште пред да доречеш да ти вратев дека твоја сум.

Замисли да не ми го спомнеше крајот уште на почетокот.

Само замисли.

Барем еднаш.

АВТОР НА ТЕКСТОТ: “Есен во мене“ 

379 Прегледи

Слични Содржини

Заинтересираните правни и физички лица може да не контактираат на [email protected] , со барање за договор за закупување на рекламен простор на страната: