23/04/2024
SKOPJE

Се надевам дека ќе најдеш некоја,…

Се надевам дека ќе најдеш некоја што не мора да ја бараш или да инсистираш на нејзино присуство, некоја која ќе направи да се чувствуваш како да не ги форсираш работите, дека ништо не оди брзо или бавно, дека едноставно оди.

Некоја која се заљубува во твојата смеа, која сака да те насмее цело време, која станува зависна од твојата насмевка, некоја на која твојата среќа е нејзино сонце секое утро, а сјајот на твоите очи е нејзина храна.

Се надевам дека ќе најдеш некоја која е луда по секој детаљ од тебе, дури и по твоите несовршености, и со се и со нив, прави да се чувствуваш како ништо да Не ти фали, како да си дома.

Некоја која внимателно одговара на ТВОИТЕ пораки, која не носи оправдувања во џебовите, кој слика по неколку часа на ден и ТЕБЕ ТИ ГИ ПОСВЕТУВА. 

Се надевам дека ќе најдеш некоја што ја губи главата за тебе, што те црта, што ти пишува, што ти пее, некоја што не се срами да танцува пред сите за да те натера да експлодира, вулканот од пеперутки во твојот стомак.

Некоја која прави да чуствуваш дека романтиката е детска игра, која многу пати на ден ти кажува – “ТЕ САКАМ“ , но и повеќе од тоа, која тоа ти го покажува со СВОИТЕ ПОСТАПКИ.

Се надевам дека ќе најдеш некоја на која и предизвикуватш НЕ-соница и будност, која ти пишува среде зори , а притоа се плаши дека некоја друга ќе открие колку си неверојатен и дека може да те изгуби.

Некоја која прави да се чувствуваш како никогаш да не си бил повреден, некоја која завршува со затворање на твоите рани и прави да се чувствуваш како да си добил џекпот секогаш кога ќе те прегрни.          

Се надевам дека ќе најдеш некоја која никогаш не сака да те изгуби, која може да избере секого при тоа имајќи милион опции, НО ТИ СИ НЕЈЗИНИОТ ИЗБОР СЕКОЈ ДЕН. 

Се надевам дека ќе најдеш НЕКОЈА ….. Јас СЕКОГАШ БЕВ ТАМУ, А ТИ НЕ ….!!!  

 

 

 

 

 

1.149 Прегледи

Слични Содржини

Заинтересираните правни и физички лица може да не контактираат на [email protected] , со барање за договор за закупување на рекламен простор на страната: