19/04/2024
SKOPJE

Риболов со поука,…

Маж и жена се одлучиле да одат на одмор на езеро познато како рај за риболовците.

Мажот бил мераклија за ловење риба посебно во раните зора, a  жената сакала да седи во мир и да чита книги.

Едно утро, после неколку часа риболов, мажот се вратил во куќичката и решил да дремне, а жената тогаш се решила да се прошета со чамче по езерото иако сама баш и не се снаоѓала добро.

Го запалила моторот и го одвела чамецот на едно осамено место, го фрлила сидрото и продолжила во тишина да ужива во својата книга.

По некое време се појавил риболовниот инспектор со својот чамец и се доближил до чамецот на жената:

– Добро утро госпоѓо. Што правите?

– Читам книга – одговорила таа (и во себе си помислила „зарем не е очигледно?!“)

– Се наоѓате на делот од езерото кој е забранет за спортски риболов, ја информирал инспекторот.

– Жал ми е господине, но јас не ловам риби. Јас само седам и читам книга.

– Да, но во чамецот го имате целиот прибор кој е потребен за ловење и ако се прашувам јас, вие можете да почнете да ловите риба во секој момент. Ќе морам да ве однесам до станица и да поднесам пријава против вас, рекол инспекторот.

– Ако вие го направите тоа, тогаш знајте дека и јас ќе поднесам пријава против вас, но, за силување – му одговорила жената.

– Но, јас не ве ни допрев!? – рекол инспекторот.

– Да, но вие го имате целиот потребен прибор и ако се прашувам јас би можеле да почнете да ме силувате во секој момент..

– До видување госпоѓо и уживајте во овој убав ден!

Наравоучение: Не се расправај со жена која чита. Многу е веројатно дека таа умее и да мисли.

 

 

АВТОР НА ТЕКСТОТ: “Есен во мене“ 

 

434 Прегледи

Слични Содржини

Заинтересираните правни и физички лица може да не контактираат на [email protected] , со барање за договор за закупување на рекламен простор на страната: