08/02/2023
SKOPJE

Резервни клучеви,…

Излез…!!! 

Не знам како да се тргнам од тебе.

Ни како да те извадам од себе.

Ниту колку далеку треба да заминам за да заминам вистински и конечно.

Каде е копчето за крај и кој прв ќе го допре?

Може ли така, како да сме машини?

Едноставно да се исклучиме и да заклучиме.

И да биде заклучено засекогаш.

И да не отворам ако некој нов тропне на вратава некогаш.

Дај некако излези од кај што влезе.

Сакам да немаш со што да си ја платиш киријата за престој во мојата глава.

Да дојдеш и да речеш: Толку беше, си одам!

Немам веќе зборови ни сили.

И јас да ти речам: Добро тогаш, заминувај веднаш!

Отсечно, дури и по малку дрско за да помислиш дека баш ми е гајле.

И да, џабе ќе правиш резервни клучеви.

На денот кога ќе решиш да заминеш, ќе почнам да ја менувам бравата.

Ќе ми оди тешко, ама ќе ми успее.

Ќе мора.

Нема да те пуштам назад кога еднаш ќе те пуштам да тргнеш напред.

Така си велам… Ај да пробаме.   

АВТОР НА ТЕКСТОТ: “Есен во мене“ 

353 Прегледи

Слични Содржини

Заинтересираните правни и физички лица може да не контактираат на [email protected] , со барање за договор за закупување на рекламен простор на страната: