19/04/2024
SKOPJE

Редовна Мастурбација прави Чуда во телото,…

Секс аналитичарката д-р Глорија Браим ја откри Тајната на ЗДРАВЈЕТО, а тоа е РЕДОВНА МАСТУРБАЦИЈА.  

Пред да стане сексуален терапевт, Глорија била професорка по англиски јазик и аналитичар на Волстрит.    

Колку е здрава мастурбацијата?

Сите знаеме дека е корисна, но дали знаеме точно колку е корисна ?

Во денешно време, табу темите веќе не треба да постојат, па затоа започнуваме со откривање на сето она што порано се срамевте да ги прашате експертите.

Секс аналитичарката д-р Глорија Браим ја откри тајната на здравјето, а тоа е редовната мастурбација.

– Мастурбацијата најмалку 3 пати неделно може да направи ЧУДА за Вашето Тело и Вашиот Ум, а тоа важи и за Мажите и за Жените – објаснува Глорија за „Сан“.   

Мастурбацијата го подига имунитетот   

Доживувањето на кулминација во мастурбацијата испраќа еден куп позитивни хормони до целото ваше тело и може да има многу придобивки.

Овие хормони се :

1-окситоцин, попознат како хормон на љубовта,

2-серотонин, попознат како хормон на среќата и

3- допамин, хормон на задоволството – истакнува Глорија. 

Оваа аналитичарка всушност тврди дека оргазмот е најголемиот врв што нашето тело може да го произведе и без никакви психоактивни стимуланси, што е типично за дрогата.

– Како што ги четкаме забите секој ден, мора да научиме и да мастурбираме секој ден.

Оргазмот е најголемото задоволство што можете да си го дозволите без да одите кај вашиот дилер!

Оваа количина на квалитетни хормони Не може да ви ја препише лекарот, Ниту пак постојат во форма на апчиња.

Исто така, кога станува збор за трауматски искуства во вашето тело, кои произлегуваат од стресот и анксиозноста, оргазмот ќе биде тој што ќе ви го направи животот вреден за живеење – не потсети д-р Браим.

Оргазмот како одбрана од грип

Беше спроведена студија на американски универзитет, во која беа опфатени 11 мажи, чии бели крвни зрнца беа измерени 5 минути пред и 45 минути по оргазмот, кој го постигнале преку мастурбација.

Докажано е дека нашето тело подобро се бори со претстојната инфекција, доколку редовно мастурбираме и постигнеме оргазам.

Се покажа дека мастурбацијата е и добра превентива против грип.

Неврологот Стефан Еверс открил дека 60 % од болките од мигренозни главоболки се ублажуваат со оргазам кој се стимулира со мастурбација.

ПРЕЗЕМЕНО: Тиме.мк 

 

 

330 Прегледи

Слични Содржини

Заинтересираните правни и физички лица може да не контактираат на [email protected] , со барање за договор за закупување на рекламен простор на страната: