26/04/2024
SKOPJE

Принцеза,…

Погрешната Принцеза,….. 

Јас со него ја запознав љубовта, да тој ме натера да се напијам од тој отров..

а наместо тоа во вените ми протече лек.

Јас со него научив дека не ми треба принцот на бел коњ за да живеам во бајка, нити тој беше принц а нити јас принцеза но живеевме во палата која ја изградивме од нашата среќа и љубов.

Ама ете на крајот таа палата некако се сруши, се сруши и тој свет од фантазии..

Во тој свет живеев само јас.

Велат на секоја бајка и доаѓа крајот, ама не секоја има среќен крај.

И од сонот мораш еднаш да се разбудиш, кога реалноста те повикува да ја осознаеш вистината.

А вистината беше таа, мрачна и сурова…

Можеби во нашата бајка тој беше мојот принц но јас не бев неговата принцеза..      

 

Автор на текстот: “Есен во мене“ 

618 Прегледи

Слични Содржини

Заинтересираните правни и физички лица може да не контактираат на [email protected] , со барање за договор за закупување на рекламен простор на страната: