29/03/2024
SKOPJE

Празнина затоа што бев само……

1- Празнина…

Најлошото чувство што постои.

Кога нешто ти е потребно, а тоа не можеш да го имаш без разлика колку и да се обидуваш.

Кога нешто си изгубил, а не можеш да го вратиш по никоја цена.

Кога си тажен и знаеш дека не постои баш ништо што би те расположило.

Кога некој ти недостасува премногу, а не можеш да го прегрнеш.

Кога имаш некоја желба која не може да ти се оствари.

Кога се пронаоѓаш во тажни стихови и без престан ги слушаш повторно и повторно.

Кога имаш толку многу да кажеш, а тоа не можеш да го искажеш со зборови затоа што се заглавиле во грлото.

Кога ти се плаче, а солзите не можат да протечат и покрај напорот што го правиш.

Тоа е најголемата празнина во душата.

 

 

2- Бев само…..

Бев само минута во твоите часови.

Бев само капка вода во океанот на твоите страсти.

Бев сосема незначајна планета во твоето соѕвездие, само момент на сјај во твоите очи.

Бев само еден трендафил во многуте цветови и капка вода во преполнетата чаша.

Бев само чекор во аргентинското танго и тоа оној последниот.

Бев само мало интермецо, но сепак те сакам, иако бев само сосема мал дел од твојот живот!

АВТОР НА ТЕКСТОТ: “Есен во мене“

 

 

432 Прегледи

Слични Содржини

Заинтересираните правни и физички лица може да не контактираат на [email protected] , со барање за договор за закупување на рекламен простор на страната: