26/04/2024
SKOPJE

Понекогаш помалку е повеќе – 73 години Брак,…

Понекогаш помалку е повеќе и не значи дека не се сакате лудо, ако не покажувате емоции јавно, не се откажувајте кога работите се тешки, 7 моќни лекции за љубовта и бракот од кралскиот пар, кој прослави и платинумска свадба. 

Кралицата Елизабета се омажи за принцот Филип во 1947 година, пред повеќе од 2.000 гости. 

Нивната свадба беше пренесувана на радио и ја следеа повеќе од 200 милиони луѓе низ целиот свет.

Тие добиле повеќе од 2.500 свадбени подароци и повеќе од 10.000 телеграми со честитки.

Медениот месец им бил во Балморал, местото каде кралицата почина на 8-ми септември.

Сега, двајцата се погребани заедно во St. George црквата.

Со толку очи насочени кон нив изгледа тешко да се одржува брак, но кралицата Елизабета и принцот Филип тоа го правеа на совршен начин.

Во 2017 година славеа платинумска свадба, односно 70 години брак, а вкупно беа 73 години во брак.     

 

 

ЛЕКЦИЈА 1 – Верувајте ѝ на својата – ИНТУИЦИЈА !!!    
ЛЕКЦИЈА 2 – Изберете некој со кој ја делите смислата за хумор – ЗАЕДНИЧКИ ХУМОР !!! 
ЛЕКЦИЈА 3– Кавги се случуваат – ИСКРЕНОСТ, КОМУНИКАЦИЈА И ПРОСТУВАЊЕ !!!

Најголемиот конфликт на парот во јавност бил во 1954 година, 7 години откако се венчале.

За време на посета на Австралија парот имал кавга и принцот Филип бесен излетал низ врата, а кралицата Елизабета наводно дури фрлила со патика по него.

Потоа, таа изјавила: „Извинете за непријатноста, но знаете, се случува во секој брак“.

За надминување на конфликтите клучот е:  1-искреноста, 2-комуникацијата и 3-простувањето.

ЛЕКЦИЈА 4 – Не мора да покажувате премногу емоции пред другите за да бидете среќни
ЛЕКЦИЈА 5 – Заедничката поддршка е сè – ЗАЕДНИЧКА ПОДДРШКА !!!

Принцот Филип жртвуваше многу работи во име на неговата сакана, од кариера до титула, но кралицата беше свесна за овие жртви и не забораваше да му заблагодари.

Во бракот најважно е да правите компромиси и жртви и да бидете благодарни кога другиот ги прави за вас.

ЛЕКЦИЈА 6 – Убаво е да имате различно хоби и интереси – РАЗЛИЧНИ ИНТЕРЕСИ !!!

Принцот Филип во една пригода објави: „Тајната на среќниот брак е да имате различни интереси“.

Ова ви дава независност во врската, но и теми за разговор со партнерот.

На тој начин учите нови работи, се гледате себеси во ново светло и ви се зголемува нивото на самодоверба.

ЛЕКЦИЈА 7 – Не се откажувајте кога работите се тешки – ТОЛЕРАНЦИЈА !!! 

Во една пригода принцот Филип изјави: „Мислам дека Главната Состојка за Среќен Брак е ТОЛЕРАНЦИЈАТА.

Тоа не е толку важно кога работите се добри, но е од клучно значење кога работите ќе станат тешки.“

ПРЕЗЕМЕНО: Тиме.мк  22.09.2022 година Скопје 

213 Прегледи

Слични Содржини

Заинтересираните правни и физички лица може да не контактираат на [email protected] , со барање за договор за закупување на рекламен простор на страната: