28/03/2024
SKOPJE

ПОХОТА

Превземено од: Издавачка куќа ЃУРЃА – Скопје

Пинк едиција
Прво издание
John Cleland
Fanny Hill
Memories of a woman of pleasure 

 

 

За книгата ФАНИ ХИЛ – Мемоарите на една девојка за задоволства

Контраверзна, сладострасна, максимално искрена.
Книга која нема да ве остави рамнодушни.
Секоја нејзина страница ВЕ ПРОВОЦИРА со својата еротска приказна за животниот пат и телесните наслади на Фани Хил, девојката со необична судбина, која на крајот ќе им се врати на вистинските доблести. 
Првата британска “порнографска“ книга која на времето била забранета поради својата “непристојна“ содржина, денес се смета за најеротски роман во историјата на човештвото.
Џон Клеланд (1709-1789)
Клеланд пишувал и драми, поезија, лингвистички и политички расправи, но останал запаметен токму по Фани Хил. Пораснал во имотно семејство кое имало контакти со писателските и артистички кругови во Лондон. Маѓу 1729 и 1740 година работи во британската Источноиндиска компанија во Бомбај. Се враќа во Англија пропаѓа и затворен е поради долгови. Тогаш и ја пишува Фани Хил и ја објавува во два дела, што е причина за ново обвинување против него. Но романот станал толку популарен што се појавиле продолженија од анонимни автори и постојано се издавале нови, нелегални верзии.  

 

 

“…………..Еден ден, околу пладне, кога бев веќе сосем закрепната од треската, случајно се најдов во нишата без прозорци што ја користеше госпоѓа Браун, одвај половина час се одморав на едно канабе за слугите кога слушнав шушкање од спалната која од нишата беше одделена со лесно подвижни врати преку чии стакла беа навлечени жолти дамастени завеси, но не толку густи за да спречат целосен поглед внатре во собата.  

Во истиот миг тивко се прикрадов и се наместив така за да можам убаво да видам се, а самата да останам незабележана. Во собата влезе никој друг туку нашата пречесна мајка игуменија, која подрака ја водеше еден висок и мускулест млад маж со херкуловски изглед, in fine, тоа беше избраникот на најискусната лондонска дама за оние работи! Ах, колку бев мирна и тивка на своето место до стаклото, за со никаков звук да не го откријам своето присуство полно со љубопитност или да ја привлечам господарката до нишата! 

Но и немав многу причини за страв, бидејќи таа беше толку зафатена со својата, во тој момент, најголема грижа што на ништо друго не можеше да потроши ни мал дел од своето внимание. 

Смешно беше да се гледа како нејзиното тромаво дебело тело се извива на крајот од креветот, точно спрема нишата, така што имав целосен и директен поглед врз сите нејзини привлечности.

 Нејзиниот сакан седна до неа, тоа беше изгледа човек сиромашен на зборови, но со добар стомак, бидејќи веднаш преминувајќи на главното, тој неколку пати сочно ја избакна и заривајќи ги дланките меѓу нејзините гради ги ослободи од нивното заточеништво, а тие измолкнувајќи се од неговите дланки се распрснаа на сите страни и се залулаа надолу, дури до папокот. Никогаш дотогаш не бев видела поголеми гради, ниту со полоша боја, меки како спаднато тесто и целосно обесени, па сепак иако беа такви, оној жилав неранимајко како да ги грабаше со неверојатна страст, попусто обидувајќи се едната од нив барем да ја покрие со дланката, која беше одвај помала од овча плеќа.   

 Откако извесно време така си играше со нив, како тие да беа вредни за тоа, тој прилично остро ја легна господарката, па подигнувајќи и го здолништето и го прекри со него широкото црвено лице кое беше озарено од испиеното бренди.

 Додека тој се измолкна на момент за да ги раскопча елекот и пантолоните, нејзините дебели меки бутови се обесија и цел еден мрсен предел се отвори пред мојот поглед, широкиот прозорец на отворените усни прекриен со сива грмушка, личеше на просјачка капа подадена за милостина. Но веднаш потоа моите очи ги привлече и целосно ги исполни еден повпечатлив предмет. 

 Нејзиниот силен пастув сега беше раскопчан и ми ја предочи – долга, крута и набрекната – онаа чудесна направа која никогаш до тогаш не ја бев видела и во која, покрај интересот што за неа живо почна да го чуствува моето средиште на задоволство, без да трепнам зјапав со ширум отворени очи, но сетилата ми беа премногу вознемирени, премногу концентрирани на онаа врела точка во моето тело за да можам да забележам нешто повеќе од општиот состав и изгледот на тој алат. Но природниот нагон самоуверено ме информираше дека од него можам  да го очекувам и повеќе од она што имав слушнато за тоа, токму она првокласно задоволство што самата природа го вложила во спојот на тие два толку прекрасно вклопливи делови на телата.

 Во меѓувреме младиот веселник два-три пати го протресе, мавтајќи со него, па се фрли врз газдарицата, и бидејќи кон мене сега беше свртен со грбот, можев само здраво за готово да претпоставувам дека го проголтува голема длабочина – судејќи според правецот на неговото движење и невозможноста да се промаши толку очигледна цел, креветот сега се тресеше и чкрипеше, а завесите шушкаа толку силно што одвај можев да ги чујам воздишките и стенкањето, мрморењето и збивтањето, кои го придружуваат целиот чин од почетокот до крајот, сите тие звуци и целата глетка ме возбудија, до дното на душата и направија секоја вена во моето тело да гори од течен оган, чуствата ми беа толку силни што речиси останав без здив.  ………“ .

 

“…………………..Незнам дали затоа што партнерот ги беше исцрпел сите форми на гостење со допир и со вид или можеби затоа што беше неодоливо наострен, тој набрзина ја отфрли од себе облеката, а големата топлина создадена во големата просторија, многуте свеќи, па и запаливата врелина на сите овие глетки го наведоа да ја соблече и кошулата, па неговите панталони, уште пред да паднат ја изложија на погледите нивната содржина и јас видов како непријателот со кого требаше да се бијам круто ја издигнува својата откриена црвена глава.    

Тогаш прв пат видов на што треба да се доверам, тоа беше едно од оние орудија со најсоодветни размери со кое мајсторите работат многу подобро отколку со тромавите и неизмерно големите. Привлекувајќи ме потоа цврсто до градите додека стоеше со лицето свртен кон мене, и принесувајќи го својот жртвеник кон неговиот олтар, тој го насочи директно кон целта која, бидејќи му излегов во пресрет, веднаш ја погоди, подигнувајќи ми ги бутовите на своите колкови и така го примив со целата должина, до последниот сантиметар, наоѓајќи се прикачена на тој стожер на задоволствата со градите прилепени до неговите, додека со рацете се држев за неговиот врат, криејќи го во неговата коса лицето кое, колку од моменталните чуства толку и од срам ми беше силно заруменето.   

 Ме прошета така околу канабето, ни малку не губејќи ја цврстината, ниту изместувајќи се, па потоа ничкум ме легна врз него за да започне со својата наслада. Но бидејќи веќе бевме добро надразнети и загреани од сите возбудливи глетки од таа ноќ, нашата фантазија беше премногу распалена за да не се растопи во најкраток рок, сообразно на тоа, штом почуствував како неговиот топол млаз ми ја облева внатрешноста, му возвратив во иста мера, за во истиот миг да го споделам тој занес со него.

 Имав, меѓутоа, уште повеќе причини да се гордеам со нашата усогласеност, бидејќи гледајќи дека во мене сеуште не се згаснати сите пламени на желбата – туку дека јас , како мокар јаглен , подобро горам така навлажнета – мојот жестоко распален партнер, сочуствувајќи со мене и наполент за двојна стрелба, продолжи со слатки напади. Многу задоволна од тоа, јас благодарно почнав да ги собирам сите мои движења во негова корист, бакнежи, стискање, нежно мрморење, сето тоа влегуваше во играта, се додека нашите радости, станувајќи се побурни и поразвратни, нене фрлија во луд неред, за најпосле, беснеејќи, да не одведат далеку од нас самите, во океан од бескрајно задоволство, во кој заедно нурнавме во целосна екстаза.

Сега сите влијанија од распалениот копнеж, побудени и од живите глетки што ги набљудував, дозреваа под врелината на овие активности, и стремејќи се кон врвот, татнеа во мене, возбудувајќи ме со неиздржливи дразби.
Јас горев во вистинска треска, немајќи доволно присебност да забележувам, туку занесена ја чуствував моќта на тие толку ретки и исклучителни предизвици за зголемување на нашето задоволство, кои ги видовме таа ноќ.

Издигната така до највисокиот степен на уживање што едно живо суштество може да го поднесе, до радост, ненамалена со никакво претерување, јас најпосле ја достигнав онаа слатка критична точка во која, неспречена од млазот на мојот партнер, се растопив целата, па со предлабока воздишка, откорната од самата утроба, низ оној канал ја испуштив целата моја чуствителна душа, чие излегување сега беше попречено, со оглед на тоа што нејзиниот излез сега беше толку прекрасно исполнет и затворен. Останавме да лежиме неколку блажени моменти, малаксани, неподвижни и онеспособени, се додека како што се смируваше чуството на задоволство, не се повративме од екстазата, тогаш тој излезе од мене, претходно изразувајќи го своето крајно задоволство, се разбира со мноштво бакнежи и прегратки, како и со најтопли зборови. ………………“ .  

430 Прегледи

Слични Содржини

Заинтересираните правни и физички лица може да не контактираат на [email protected] , со барање за договор за закупување на рекламен простор на страната: