20/04/2024
SKOPJE

Подоцна

Подоцна.

Подоцна.

Ќе зборуваме подоцна.

Ќе ти се јавам подоцна.

Се гледаме подоцна.

Ајде да прошетаме подоцна.

Ќе ти кажам како се чувствувам после.

Подоцна ќе знаеш колку си ми важен.

Подоцна, можеби ќе се сакаме, а можеби и ќе заборавиме. 

Сè чуваме за подоцна, 

и забораваме дека „подоцна“ не е наше.

Дека луѓето „подоцна“ повеќе не можат да бидат со нас. 

Тоа „Подоцна“ можеби нема да го слушнеме повторно.
Дека децата „подоцна“ веќе не се деца,
и дека Родителите се само спомен.

Тоа „Подоцна“ се трансформира
ден во ноќ,
ноќта во немоќ,
насмевката во болка…
и живот во сеќавање.   

 

194 Прегледи

Слични Содржини

Заинтересираните правни и физички лица може да не контактираат на [email protected] , со барање за договор за закупување на рекламен простор на страната: