Слобода?!
Ме ослободи ли?
Можеби.
Се ослободив ли?
Не знам.
Знам само дека веќе ме боли.
Дека не знам како да преболам
нешто што немало.
Дека не знам како да отсакам
некој ни чиј бакнеж не сум
почувствувал.
Како лечиш нешто што не гледаш?
На бајачка?
Кај еким?
Толку во животот научив,
а секогаш се прашувам.
Живот…
Љубов…
Ти…
Автор на текстот: “Есен во мене“
365 Прегледи