19/04/2024
SKOPJE

Огледало,…

Огледало

Зад сечија едноставна и будалеста приказна, постои една друга.

Сериозна.

Во животот секогаш ги сакаме повеќе оние нешта кои нè смееме, сокривајќи ја тагата и солзите.

Но, насмевката, понекогаш е многу потешка од солзите. 

Денот од ноќта.

Животот од смртта.

Пердувот од ножот.

Виденото од чуеното.

„Нормалното“ од „ненормалното“.

Тоа е оној светол дел од личноста што луѓето и светот сакаат да го гледаат, да го чувствуваат.

Оној дел што не повредува.

И не чини зли.

Навидум.

Другата страна на огледалото.

Онаа, позитивната.

Исто како на фотографија.

Сите среќни, насмеани и весели.

Оти така треба да се биде.

Со сила. Нормалнo.

Тоа е очекуваното однесување.

Пријатно и милозливо.

Но, ако за миг влеземе во огледалото и се обидеме да погледнеме одопаку, ќе видиме една друга страна на светлината, една друга страна на ликот, онаа што никој не ја гледа.

Бидејќи не сака.

Она ненормалното.

Во секој од нас.

Она што го криеме под чаршафите, во бањата, во огледалото кое не зборува, во нашите изминати години, во нашата перница полна со солзи кои до утрина веќе испариле…  

АВТОР НА ТЕКСТОТ и предлог на слики: “Есен во мене“  

 

299 Прегледи

Слични Содржини

Заинтересираните правни и физички лица може да не контактираат на [email protected] , со барање за договор за закупување на рекламен простор на страната: