25/04/2024
SKOPJE

Небесно синило,..

Јас сум облак на твоето небо…
Јас сум до твоето рамо кога ќе се измориш…
Јас ќе го слушнам секогаш твојот глас кога ќе ме повикаш…
Зашто јас сум твојот Aнгел…
И кога ќе ме нема, јас ќе бидам тука покрај тебе, иако сме далеку, јас секогаш ќе бидам во твоја близина…
За да ти ги избришам солзите, кога ќе плаче твоето срце, за да те прегрнам, кога ќе си осамен, за да те држам за рака секогаш кога се соочуваш со нешто…
И ќе видиш…

Секој нов ден што ќе дојде, ќе биде светол како сонце…
Затоа побарај ме секогаш кога ќе ти требам…
 Побарај ме…
 И ќе ме најдеш во твојата душа, на твоите усни и во твоите мисли…
СЕКОГАШ…

 

Автор на текст и предлог на слики: “Есен во мене“ 

 

 

372 Прегледи

Слични Содржини

Заинтересираните правни и физички лица може да не контактираат на [email protected] , со барање за договор за закупување на рекламен простор на страната: