29/03/2024
SKOPJE

Не сакам само с..с со тебе,…

Не сакам само да легнам со Тебе, :
– Сакам бескрајни кафиња, смеење, состаноци и сета таа предигра на двајца кои сакаат да си ги знаат стравовите, минатото со секој милиметар кожа под чаршафите, го сакам тоа преплетување со рацете, скокоткање, поезија и разговори за тоа колку сме среќни што сме заедно. 
Не сакам само да легнам со Тебе, :
– Го барам тој заеднички сон вклучувајќи ги и отчукувањата на срцето, го сакам целиот тој раскош на милувања што нè водат до губење на разумот и контролата, темпераментот, треската од желба и љубов.
Не сакам само да одам во кревет со Тебе, :
– Го сакам крајот и она што доаѓа после таа љубовна војна меѓу двете суштества, го сакам целиот епилог на крајот на забрзаното чукање на срцето и натопеното од пот тело, го сакам тој концерт на меките допири со прстите кон твојот грб, бакнежите во челото, фактот дека мојот нос се губи во мирисот на твојата коса;
Не сакам само да легнам со ТЕБЕ, : 
– Сакам се, тивки погледи, иднини со сиот пролог и епилог на галење со тебе.   

 

 

340 Прегледи

Слични Содржини

Заинтересираните правни и физички лица може да не контактираат на [email protected] , со барање за договор за закупување на рекламен простор на страната: