23/04/2024
SKOPJE

Навики на културна и воспитана личност

9 НАВИКИ по кои ќе препознаете Културна и Воспитана ЛИЧНОСТ !!! 

Никогаш не зборуваат само за да се пофалат себеси – тие секогаш се подготвени да дадат комплимент, да побараат совет и да покажат дека ценат нечие мислење, без разлика колку се успешни и големи.   

Понекогаш запознаваме луѓе кои се истакнуваат на најдобриот можен начин начин.

Можеби имаат неверојатна харизма, можеби извонредни мисли, можеби однесување на кое не можете да останете имуни.

Тие се допадливи луѓе со кои сакате и да работите и да го минувате слободното време.

Со нив се чувствувате ценето и почитувано и во себе посакувате да бидете како нив.   

Навики по кои ќе препознаете културна и воспитана личност:

1 – Секогаш прават чекор напред кога се запознаваат со некого и се насмевнуваат – на овој начин покажуваат почит и без разлика на нивниот статус и моќ тие покажуваат интерес за соговорникот.

2 – Го користат името на соговорникот, откако ќе се запознаат – со тоа му посочуваат дека го запомниле, а ако сакаат да му се обраќаат поинаку, пример на прекар, прашуваат дали е во ред да му се обраќаат така.

3 – Никогаш не кажуваат дека знаат повеќе од тоа што треба за некоја ситуација – можеби знаат за некоја тајна или нечие однесување, но тие нема да кажат повеќе од што е општо познато.  

4 – Никогаш не ги игнорираат случувањата од приватниот живот на соговорникот – па така изразуваат сочувство доколку починал некој во неговото семејство или пак честитаат ако има повод за славење и тоа не е непријатно, туку е човечно.

5 – Никогаш не озборуваат, ниту пак ги слушаат озборувањата – веднаш помислуваат што се говори за нив, што ако некој вака говори за нив, па од старт се извинуваат и си заминуваат од ваков тип на друштво.

6 – Никогаш не зборуваат само за да се пофалат себеси – тие секогаш се подготвени да дадат комплимент, да побараат совет и да покажат дека ценат нечие мислење, без разлика колку се успешни и големи.  

7 – Никогаш не притискаат нивните мислења да бидат прифатени – тие кажуваат што е правилно за нив, но не наметнуваат дека тоа треба да биде правилно и за другите луѓе, секој има право на избор и одлука и притоа не судат за тоа.

8 – Тие се мајстори за зближување – па на ненаметлив начин прават да зборувате за себе, за својот пат на лична трансформација, покажуваат фасцинираност и со тоа се искачуваат на социјалната скала како лидери.

9- Никогаш не престануваат да бидат културни – тие не го користат шармот само во одредени пригоди, туку секогаш и секаде тој им е заштитен знак, знааат дека тоа е вистинското однесување и не постои друг начин на кој треба да се однесуваат.

 

ПРЕВЗЕМЕНО: ЦРНО.БЕЛО.КОМ 

 

231 Прегледи

Слични Содржини

Заинтересираните правни и физички лица може да не контактираат на [email protected] , со барање за договор за закупување на рекламен простор на страната: