26/04/2024
SKOPJE

Мостови

МОСТОВИ 
Колку подолго живеам, толку појасно сфаќам дека најважно во животот е да знаеш цврсто што сакаш и да не те збунуваат оние кои мислат дека знаат подобро, да имаш трпение, чувство за граница и способност да молчиш кога треба.
Никогаш не се живее со некој за пари, деца и сожалување.
Парите ќе исчезнат, децата ќе пораснат, а сожалувањето ќе се претвори во гнев!
Најтешката работа во животот е да сфатиш кој мостови да ги поминеш,а кој да ги запалиш.
Добрите луѓе ќе ви донесат среќа, лошите луѓе ќе ве наградат со искуство, најлошите ќе ви одржат лекција, а најдобрите ќе ви дадат спомени.
Почитувај ги сите.
Луѓето мислат дека ќе бидат среќни ако се преселат на друго место, а потоа испаѓа: каде и да одиш, се носиш со себе и самиот себе.
Не им ја затворајте устата на оние што ви ги отвораат очите.
Сите грешат. Ја признаваат грешката – достојните, бараат прошка – храбрите.
Грешките се мостови меќу неискуството и мудроста.
Извинувањето не значи дека не сте во право и дека другиот е во право.
Тоа само значи дека вредноста на вашата врски е поважна од вашето сопствено его.
Биди со кого сакаш да бидеш ти, а не со кого другите сакаат да те гледаат.
Привлечноста на душите се претвора во пријателство, привлечноста на умот се претвора во почит, привлечноста на телото се претвора во страст.
И кога сите работи ги има тоа може да се претвори во мост на љубов.
Ако сакате да запознаете некого, не слушајте што другите велат за него, подобро слушајте што тој вели за другите.
Никогаш не барајте изговори. Не пред оние кои те сакаат, а уште повеќе пред оние кои не те сакаат.
Тој што не те сака никогаш нема да ти поверува, а тој што те сака самиот ќе ти смисли изговор.
Вистински близок човек е оној кој го знае вашето минато, верува во вашата иднина и сега ве прифаќа такви какви што сте.
Секоја патека во животот си има свој мост, а вербата е мост помеѓу тоа кај сме и тоа каде сакаме да одиме.   
АВТОР НА ТЕКСТ: АЦО АТАНАСОВСКИ 
386 Прегледи

Слични Содржини

Заинтересираните правни и физички лица може да не контактираат на [email protected] , со барање за договор за закупување на рекламен простор на страната: