06/05/2024
SKOPJE

Љубовта знае

Посветено на моето Сонце Томислав, …..

Отсекогаш сум се трудела да ги чувам искуствата од минатото, пред се сум се трудела да извлечам поуки од разочарувањата кои животот ми ги резервирал.

Но, мојата природа ме спречува да се променам и понекогаш се сопнувам.

Секогаш сум јас, желна да дадам, да научам, да знам, достапна да бидам таму, да разберам, да слушам, да поддржам, да дадам совет ако ме прашаат.

Сакав да напишам: „Само се глупирам“. Но, не, не сакам да си го правам ова.

Не верувам дека има нешто во животот што е навистина е изгубено ако е дадено од СРЦЕ.

Верувам дека Љубовта во сите нејзини Облици го знае патот до дома и знае како да се врати.

Порано или подоцна, на други начини, можеби тешко препознатливи, можеби очигледни и транспарентни.

Ако се даде, Љубовта останува во оптек.

Еден ден е пријателство, еден ден заштита, еден ден нежност, друг ПАТ Е излив на дарежливост… друг ден е ПОМОШ.

Љубовта знае што да прави !!! 

 

 

 

 

 

569 Прегледи

Слични Содржини

Заинтересираните правни и физички лица може да не контактираат на [email protected] , со барање за договор за закупување на рекламен простор на страната: