19/04/2024
SKOPJE

Легендата за бамбусот

Легендата за бамбусот

Пред многу време, двајца фармери се шетале низ пазарот кога во еден момент вниманието им го привлекло тезга на која биле изложени семиња кои досега не ги виделе, па решиле да застанат и да побараат информација од продавачот.

„Трговец, какви семки се овие?“ прашал еден од мажите.

„Тоа се семки од бамбус. Тие доаѓаат од исток и се многу посебни семиња“, одговорил продавачот.

„А зошто се толку посебни?“ прашал еден од двајцата фармери.

„Ако ги земете и засадите, ќе знаете зошто. Ним им треба само вода и ѓубриво“, одговорил трговецот.

Така, двајцата фармери, поттикнати од љубопитност, купиле неколку семиња од тоа чудно растение наречено бамбус.

Откако се вратиле на нивните земји, двајцата фармери ги засадиле тие семиња и веднаш почнале да ги наводнуваат и наѓубруваат, исто како што рекол трговецот.

По некое време, растенијата од бамбус сè уште не никнале, за разлика од сите други кои продолжиле да растат и веќе ги дале своите први плодови.

Еден од двајцата земјоделци му рекол на другиот: „Тој стар трговец нè измами со семките. Ништо никогаш нема да порасне од овие семиња“.

И решил да престане да се грижи за тоа.

Другиот пак, продолжил, сам да си ги одгледува семињата, давајќи им ја целата потребна вода и ѓубриво.

Времето продолжило да минува, но семето не никнувало. 

Кога Фармерот решил да се откаже, еден убав ден видел дека бамбусот конечно почнал да расте.

Но, не само тоа, човекот буквално бил изненаден од фактот дека за само шест недели неговите растенија достигнале висина од 30 метри.

Како е можно бамбусот да треба да никне за 7 години и за само шест недели да успее да достигне толкава височина?

Многу едноставно: во текот на 7-те години на очигледна неактивност, бамбусот генерирал сложен коренов систем што ќе му овозможи толку многу да расте. 

********************************************

Легендата за бамбусот не тера да размислуваме за НАДЕЖТА и важноста да Не се откажуваме кога треба да се соочиме со Пречка, Предизвик или Неочекуван настан.

Упорноста и Издржливоста се важни за постигнување резултати и ако првично не ги гледаме плодовите, тоа е затоа што се формираат корените кои ќе ни овозможат да имаме потрајни и постојани резултати со текот на времето.  

 

171 Прегледи

Слични Содржини

Заинтересираните правни и физички лица може да не контактираат на [email protected] , со барање за договор за закупување на рекламен простор на страната: