05/02/2023
SKOPJE

Лагата и Вистината,…


Легендата за Лагата и Вистината,… 

Постојат легенди кои стојат како прекрасни приказни кои ја илустрираат психолошката реалност на нашите животи.

Ова што сега го пренесуваме е една од нив.

„Легендата вели дека еден ден Вистината и Лагата се сретнале.

Добро утро- рече Лагата.

Добро утро- одговори Вистината.

Прекрасен ден- рече Лагата.

Тогаш Вистината се обѕирна за да види дали е вистина. Беше. Прекрасен ден – тогаш ја кажа вистината.

Уште поубаво е езерото- рече Лагата.

Тогаш Вистината погледна кон езерото и виде дека Лагата ја кажува вистината и кимна со главата.

Истрча Лагата кон водата и рече: – Водата е уште поубава. Ајде да пливаме.

Вистината ја допре водата со прстите и навистина беше прекрасна и и веруваше на лагата.

Двете се соблекоа и тивко пливаа.

Нешто подоцна излезе Лагата, се облече во облеката на Вистината и си замина.

Вистината, не можејќи да се облече во облеката на Лагата, почна да оди без облека и сите се згрозија кога ја видоа.

Така и денес, луѓето претпочитаат да ја прифатат лагата, маскирана како вистина, а не гола вистина “.

577 Прегледи

Слични Содржини

Заинтересираните правни и физички лица може да не контактираат на [email protected] , со барање за договор за закупување на рекламен простор на страната: