Понекогаш чувствувам дека Животот е преголем за Мене.
Или можеби Јас сум ТАА што станува мала пред толку многу работи што не ги разбирам.
Не знам.
Не знам зошто те сакав толку многу или зошто сè уште те сакам.
Не знам зошто ми е толку тешко да ТЕ ЗАБОРАВАМ.
Не разбирам како можеш без мене и без моите бакнежи…
– „Никој не ме бакнал како тебе“ – ми рече.
Помина толку време што веќе не се осмелувам да те побарам од страв дека си со Некоја
или да ми кажеш: – „Не те сакам повеќе“!!!
– Доста!…Што правам? …Морам да престанам да се залажувам и да фантазирам за Тебе.
Тоа е Мојот Проблем, што Јас сум склона да идеализирам се и инсистирам да те идеализирам и Тебе.
Човекот е секогаш толку високо, секогаш толку недостижен, парче што е многу скапо за добивање, а Јас сум во заблуда, секогаш Сонувам.