Сите искушенија,
сите помирувања,
и сите страдања во животот,
можат да се мерат со силата и
должината на Несоницата која ги придружува.
Денот е само бела хартија
на која се се’ забележува и запишува,
а сметката се наплатува ноќе на големите,
темни и жешки полиња на Несоницата.
Автор на текст и насловна слика: “Есен во мене“
490 Прегледи