23/04/2024
SKOPJE

Илузија,… ништо не се мора,…

Доаѓа моментот кога откриваш дека е подобро да бидеш Сама отколку во лошо Друштво,

дека осаменоста не е непријател,

дека итното не е најважно,

дека веќе нема да ги бараш лебните трошки од патот кој не е твој.

Доаѓа моментот кога учиш да пишуваш со крајна точка,

бидејќи следените точки повеќе не помагаат да се следи приказната.

Подобро е да станеш Спомен отколку Кошмар.    

Доаѓа моментот кога сфаќаш дека

да се биде различен е Благослов во овој омразен Свет

преполн со степенување, етикетирање и заблуди на идеализирање.  

И откриваш дека соблекувањето не е соблекување,

дека Стравот генерира само Страв,

дека овој Живот е многу долг ако го живееш страдајќи.

Доаѓа моментот кога треба да се облечеш во Себичност,

да одиш и да се бараш Себе си,

ќе сфатиш дека ТИ СИ Нај-важното Нешто,

дека ТВОЈОТ душевен Мир вреди да ги напуштиш сите битки, војни и причини.

И на реченото дека “…..СЕ МОРА“ , ќе одговориш со мислата “ ЖИВОТОТ Е ИЛУЗИЈА “ !!! 

“ Било, но како да не било,…. Ништо не се мора,…“  !!! 

 

Автор: Елена Петровска Аџи-Спиркоска 

 

 

 

388 Прегледи

Слични Содржини

Заинтересираните правни и физички лица може да не контактираат на [email protected] , со барање за договор за закупување на рекламен простор на страната: