29/03/2024
SKOPJE

Есен во мене,…

Би била Есен,… 

Животот е составен од четири годишни времиња.

Има среќа, радост, спомени  и тага.

И секоја од нив сака да не проба, и пролет, лето, Есен и зима.

А во моето тело има само едно шаренило како Есенски бои.

Сонцето грее, а потоа дождот врне, Есен се нарекува целата моја душа.

Секогаш умерена, ниту ладна, ниту врела, само малку свежа во мене е како клима.

Па го зафаќа секој дел од моето тело, како Есенска тага која ме допира.

Додека дождовите ми ја мијат душата, а мирисот на костени ми се шири низ умот.

Се наполнува срцето, се насмевнува лицето, додека сонцето со земјата во залезот се смируваат.

Само некои рани сеуште болат,затоа со мене и во мене бурите секогаш царуваат.

Многумина не сакаат, и не знаат да сакат,зошто не можат да ја почувствуваат и разберат Есента.

Во нив засекогаш ќе постои сомнеж, зошто после Есента зимата секогаш ни доаѓа.   

 

Автор на текстот и предлог на насловна слика “Есен во мене“ 

517 Прегледи

Слични Содржини

Заинтересираните правни и физички лица може да не контактираат на [email protected] , со барање за договор за закупување на рекламен простор на страната: