25/04/2024
SKOPJE

Есен во мене -На Тивко

На тивко…
Ако некогаш пак те слушнам, ќе ти молчам баш колку што сега ми се зборува со тебе за се.
Гласот ќе ми остане некаде меѓу чекањето, прашувањето и недостасувањето.
Толку ќе е тивко што ќе можеш да ми го чуеш срцето.
Толку ќе си себичен што ќе помислиш дека брзината на чукањето зависи од твоето присуство.
Толку ќе си во право што ќе немам кочница за солзите.
Толку се плашам од уште еден наш разговор до крајот на животот.
Не знам дали ќе сум поспокојна ако мислам дека ќе го нема, или ако сум сигурна дека ќе го има.
Веќе се немам себе и не знам што е мое.
Знам што од мене е твое, а знам и дека тоа ама баш ништо не менува.  

 

–  ” Љубовта е краток збор, но содржи сè, таа е телото, душата, животот, целото постоење. “

–  “Само од најголемата темнината и се предаваме на убавата светлина….“ 

 

Автор на текст: “Есен во мене“ 

309 Прегледи

Слични Содржини

Заинтересираните правни и физички лица може да не контактираат на [email protected] , со барање за договор за закупување на рекламен простор на страната: