29/03/2024
SKOPJE

ЕГО – Самодоверба или Супериорност,…

Секој од нас има его.  Тоа е нашето чувство за личен идентитет или чувство за сопственото значење и самодоверба. Ни помага да ја препознаеме нашата „уникатност“, да се залагаме за себе и да ги реализираме плановите. Свесноста за нашето его игра голема улога во подобрувањето на односите со другите.

 Потребно е константно да работиме на управување со нашето его. Неговиот опстанок и развој зависи од тоа. За жал на ваквите наши активности егото одговара со одбранбен механизам, да се бори и да се брани.  На егото му се потребни негативни ситуации за да може да има што да прави. Значи ако сме среќни и сè е совршено, нашето его веќе ќе бара проблем да се залепи за нас или да си создаде драма.

 Егото не живее во сегашноста. Иако е факт дека постои само сегашен момент, а минатото и иднината постојат само во умот, нашето его сака да размислуваме за минатото и иднината. Ова значи да размислуваме за работи што тргнале наопаку во минатото, или за работи што може да тргнат наопаку во иднина. Како по правило, секој пат кога ќе си сфатиме нешто лично тоа е дело на нашето его. Кога  размислуваме за тоа како некој бил груб кон нас и се чувствуваме навредени – или пак се чувствуватм супериорни во однос на некои други , тогаш зборува нашето его.

 Егото придонесува да се оддаклечиме од сегашниот момент. Доколку не го контролираме може да се случи многу лесно да живееме цел живот размислувајќи за минатото и иднината, а потоа на крајот да сфатиме дека сè што некогаш сме имале е сегашниот момент. Но благодарејќи на егото ќе бидеме премногу опседнати во нашиот ум и нема да можеме целосно да ги користиме нашите сетила за да уживаме во светот околу нас.

 Нема ништо лошо во тоа да се има его – нема ништо лошо во тоа да се чувствуваш важно – но егото треба да се регулира. Проблемите се јавуваат кога тоа влијае на донесување одлуки, на расположението, па ќе не претвори во жртва или ќе не натера да се чувствуваме супериорно во однос на другите.. Ваква состојба ќе не направи многу бедни.

 Доколку го контролираме егото со тек на време ќе можеме да го редефинираме сознанието за тоа кој сме ние  и како ги гледаме другите. Ова ќе ни помогне да донесеме подобри одлуки.

 Кога сме вознемирени, тажни, лути, се грижиме или се плашиме од иднината, тоа не сме ние.- тоа е само нашечто его – само нашиот ум. Оваа современо општество нашуот ум го направи идол, без да ги потенцира неговите несовршености и стапици. Ако одговориме инстиктивно на нечиј совет или на одредена ситуација во која се наоѓаме запомнете дека проблемот не сме ние , туку вашето его. Ако ја направиме оваа мала, но круцијална поделба и разлика , ќе бидеме многу посреќни и  појасно ќе ги гледаме нештата. Егото е само дел од нас како и нашиот ум, а потсвеста донесува одлуки пред да бидеме свсни за тоа.

Знаењето и егото се директно поврзани, така да колку повеќе знаеме толку помалку его имаме.

Ние сме многу повеќе од нашето его…од нашиот ум, затоа да не зборуваме премногу за себе- тоа треба да го прават направат другите откако ќе си заминеме.   

 

Автор на текстот: Ацо Атанасовски

прва објава на 1 Јуни, 2021 година   

https://mneklosar.blogspot.com/2021/06/blog-post.html

 

605 Прегледи

Слични Содржини

Заинтересираните правни и физички лица може да не контактираат на [email protected] , со барање за договор за закупување на рекламен простор на страната: