16/04/2024
SKOPJE

Дијамант,…

Да најдеш дијамант на каллив пат

Еден ден Танзан и Екидо заедно патувале по еден каллив пат.

Одејќи по патот, сретнале убава девојка во свилено кимоно која неможела да премине преку калта.

Дојди девојко ќе те те пренесам преку калта – и рекол Танзан.

Кревајќи ја во рацете тој ја пренел преку калта на другата страна од патот.

Екидо не прозборел ништо до вечерата.

Вечерта кога стигнале во храмот во кој требало да преноќат, тој неможел да се воздржи и му рекол на Танзан:

– Нам на свештениците ни е забрането да им приоѓаме на жени, особено на млади и убави. Тоа е опасно. Зошто го стори тоа? Зошто ја зема девојката во раце и ја пренесе преку калта?

Танзан се насмевнал и му одговорил на својот пријател:

-Јас ја пренесов и ја оставив девојката таму, а ти не ја ни допре, а сеуште ја носиш… 

 

Предлог на текстот “Есен во мене“ 

399 Прегледи

Слични Содржини

Заинтересираните правни и физички лица може да не контактираат на [email protected] , со барање за договор за закупување на рекламен простор на страната: