24/04/2024
SKOPJE

Дарлин мој, дојди !!!

Дарлин и морето е меко како свила..како и твојата кожа…
Морето е скривалиште за нашите моменти на,…
Радост, среќа … сина голема торба …

Дарлин и морето е нежно, како тебе
Бранови јазици ги допираат рамената и вратот..како бакнежи …
Лисјата на дивата палма шумолат тивко, како твојата коса на мојата кожа ..
Морето наликува на твоите карактеристики … како тебе .. бескрајно

Дарлин и морето е чисто како солза..како твоите среќни.
Морето блеска како кубна цирконија .. како сјај во твоите очи …
Сончевите зраци се истураат по површината на водата … како твоето тело врз мене
Небото ја крие вечерната тиркизна боја.

Дарлин, и морето е топло како чај … топло како и твоите допири,… 
Морето се обвиткува околу клучната коска … твоите раце околу мојот врат ..
Многу може да ни се случи.
На морето му е досадно! … Дарлин мој, дојди!!!      

 

 

474 Прегледи

Слични Содржини

Заинтересираните правни и физички лица може да не контактираат на [email protected] , со барање за договор за закупување на рекламен простор на страната: