29/01/2023
SKOPJE

Чекална,…

Воздухот не ми мириса исто откако те немам крај себе.
Отворив чекална и погоди што чекам?
Да прозборам!
И никогаш и никако не доаѓам на ред да ти кажам ама баш сè што ми се кажува.
Отворив чекална и погоди кој има внатре?
Само јас!
Те нема тебе таму.
Ти ништо не чекаш.
Така си мислам.
Може па чекаш и не кажуваш.
Ама не верувам.
Не ми изгледа така.
Некои денови си мислам дека посакуваш никогаш да ни се вкрстеа погледите.
Во последно време почесто така си мислам отколку поинаку.
Знаеш ли колку е тоа мачно?
Toa и да не знаеш што чекаш ама да знаеш дека чекаш…
Посакувам никогаш да не дочекаш некого и нешто да чекаш, вака како јас тебе.   
АВТОР НА ТЕКСТОТ: “Есен во мене“ 
374 Прегледи

Заинтересираните правни и физички лица може да не контактираат на [email protected] , со барање за договор за закупување на рекламен простор на страната: