25/04/2024
SKOPJE

Чекајќи те,…

Чекајќи Те…

Те молам, потпиши ми се на душава…
Кажи ми каде да најдам место под сонцето, за да ги оставам соништата на крајот од денот.
Тежок е чекорот од долгото талкање на срцево кое се бунтува во мракот, и ме прашува дали си се уште сам.
Те молам, потпиши ми се на душава…
Нека има трага што нема да исчезне.
Времето менува се, но ти остани ист, чекај ме некаде на крајот од патот.
Не, дека не можам да одам во темница, но, сепак го сакам мирисот на зората
И твоите шепоти во мојата тишина кои го бришат стравот од тонење…
Утра што мирисаат на копнеж и прегратка, утра кога те довикувам со воздишка, кога тагата ми лази под трепките, а зборовите се заглавиле во грлово.
Утрото кога ќе се разбудам со некои стари соништа кога недостатокот е измешан со голема болка во душата,

кога тагата има име и презиме, кога сè во мене дивее.

Засолништето во градиве е тесно, а пак времето гори од копнеж по тебе.
И ти признавам во себе…
Нема да научам да живеам без тебе…
Чекајќи те…  💔   

АВТОР НА ТЕКСТ и предлог на слики: “Есен во мене“ 

 

 

312 Прегледи

Слични Содржини

Заинтересираните правни и физички лица може да не контактираат на [email protected] , со барање за договор за закупување на рекламен простор на страната: