27/04/2024
SKOPJE

Будење,….


 

Подгорени крилца,…!!! 

Ми недостасуваш.

Некои денови повеќе, други помалку.

Ама ми недостасуваш секој ден.

Знаеш на кого помислувам пред спиење и по будење, нели?

Со месеци те мислам само тебе.

Само тебе.

И нема назад.

Нема ни напред.

Сега нема ништо.

Има само празнина. 

Ја пополнувам со некој истрошен спомен од времето кога имав јато пеперутки.

Но им се изморија крилцата.

Им се подгореа некаде при крајот.

Може ли пеперутка да лета со подгорени крилца?

Ги разбирам зошто не летаат.

Веќе се навикнаа да мируваат.

Даваат некој знак на живот кога ќе ми стаса твое писмо.

Мрдаат по малку и кога си мислам на почетокот.

Па паѓаат на дното на стомакот кога ќе се сетам дека дојде крај.

И така до вечер, до утре, до некогаш кога ќе заборавам дека сме се сретнале во овој живот.  

АВТОР НА ТЕКСТОТ: “ Есен во мене“ 

355 Прегледи

Слични Содржини

Заинтересираните правни и физички лица може да не контактираат на [email protected] , со барање за договор за закупување на рекламен простор на страната: