19/04/2024
SKOPJE

Бевте во право

Бевте во право !!! 

Секогаш ГО ИМАВ последниот Збор,

но никогаш не разбравте дека не сакам да го имам Последниот,

ниту Првиот,

туку оној ЗБОР што се Слуша.

И повеќе не можам да си дозволам :

–  да ставам филтер на моите идеи,

–  да размислувам пред да го кажам она што го чувствувам,

–  да мрморам или

–  џагорам.

Не можам повеќе да бидам таа страшна девојка која се двоумеше да крене рака за да ги изрази своите идеи,

сега сум таа жена која има вербално повраќање,

која Ејакулира букви,

која Крвари мастило и

пишува со Големи букви.

Дека не знае многу за поезијата, но знае да ги раскажува своите Искуства, Соништа, Желби, Надежи и Насмевки.

Бевте во право,

Секогаш го имав Последниот ЗБОР !!! 

А сега имам и многу Почетоци и Завршетоци на Приказни за раскажување.

469 Прегледи

Слични Содржини

Заинтересираните правни и физички лица може да не контактираат на [email protected] , со барање за договор за закупување на рекламен простор на страната: