08/02/2023
SKOPJE

Бакнеж на пеперутка,….

Постоиш ли?
Вистински си или само те замислувам?
Но, не само што те замислувам, јас те чувствувам!
Те чувствувам како бакнеж на пеперутка, оној најнежен трепетен допир што го прави моето срце живо.
Tолку нежно, а толку силно те чувствувам, толку доволно за да постојам.
Но, постојам само ако постоиш и ти.
Во постоењето е мојата смисла, во постоењето е твојата душа, постоењето е наша мисла.
Постоиш, затоа што те чувствувам и без да те видам, затоа си вистински.
Зашто правиш да живеам, зашто така постојам.
И јас сум вистинска кога ме чувствуваш, дури и кога не знаеш и кога не ме гледаш јас постојам.   
АВТОР НА ТЕКСТОТ: “Есен во мене“. 
332 Прегледи

Слични Содржини

Заинтересираните правни и физички лица може да не контактираат на [email protected] , со барање за договор за закупување на рекламен простор на страната: