28/03/2024
SKOPJE

Април,…

Април…

Ништо нѐ е лажно, миризливо, очекувано, посакувано како Април.

Тој и самиот, не знае што сака !

Почнува со шега, а продолжува сериозно.

Тој сака дожд.

Го сака ветрот кога дува.

Во договор е со облаците.

Бакнувајќи го сонцето и велејќи:

 „Не го заборавај чадорот“

 А топлината е тука пред вратата, која трпеливо чека.

Април е време за воскресение на животот, за будење, за вера, за празник…

Погледнуваме кон небото, учиме!

Погледнуваме кон земјата, стануваме посилни!

Април е сето тоа, се менува и мириса како жена.

Мириса на ливади, будења, мириса на цвеќиња и пролет.

На ветувањата, желбите и љубовта.

Измамник е што се врти!

Ќе ни раскажува за летото, а ќе ги знае напамет  и сите зимски приказни.

Затоа да не му веруваме премногу!

Ништо не е црно или бело во Април.

Се е шарено дури и душата.

А што можеме да правиме со таа шарена душа?

Да насликаме виножито, да пишуваме стихови?

Можеби треба да го оставиме да го Љуби светот со своите очи и да се радува!

Зошто радоста е лек за душата!   

АВТОР НА ТЕКСТ и избор на слики: “Есен во мене“ 

 

 

260 Прегледи

Слични Содржини

Заинтересираните правни и физички лица може да не контактираат на [email protected] , со барање за договор за закупување на рекламен простор на страната: